fbpx

МВР: Не патувајте со докумети што сте ги пријавиле за изгубени, а потоа сте ги пронашле

-

Министерството за внатрешни работи денеска упати апел до граѓаните кои ги пријавиле своите патни исправи за загубени или украдени, а потоа ги пронашле, да не тргнуваат на пат без тоа да го пријават во МВР.

Во соопштението се потсетува дека сите патни исправи и лични документи кои се пријавени како изгубени или украдени, претставуваат неважечки документи и се внесуваат во базите на Интерпол. При употреба на овие документи пред надлежни полициски органи насекаде низ светот, тие се одземаат и на граѓаните не им се дозволува продолжување на патувањето во земјата каде се употребени.

„За да се избегнат дополнителни финансиски трошоци за нашите граѓани (вадење патен лист во амбасадите на Р. Македонија, пропаднати туристички аранжмани и сл.), апелираме граѓаните кои претходно ги пријавиле своите патни исправи или лични документи за изгубени или украдени, во случај на нивно пронаоѓање, задолжително да го пријават тоа во надлежните служби на МВР каде се издадени документите“, апелира МВР.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ДИК: Без проблеми тече гласањето во казнено-поправните установи

На гласачките места во 14 казнено поправни установи своето гласачко право денеска ќе можат да го остварат 2.147 гласачи. Сите гласачки места во казнено поправните установи се отворени утрово во 7...