fbpx

МВР ќе префрли средства за една плата за вработените во „Еурокомпозит“

-

Владата на денешната седница му наложи на Министерството за внатрешни работи од својата сметка да ѝ исплати на државната фабрика „11 Октомври – Еурокомпозит“ АД Прилеп средства за исплата на една плата на вработените, како и за обезбедување репроматеријали за работата на компанијата.

„Владата донесе одлука МВР да префрли финансиски средства во висина од 10.000.000 денари на сметка на друштвото, за исплата на една плата на вработените и за набавка на репроматеријали за да продолжи работењето на фабриката“, стои во соопштението.

Префрлањето на средствата е во рамки на договорот со компанијата и согласно заклучоците од 32. владина седница за наоѓање решение за состојбите на државната компанија.

Компанијата поради долговите во кои е западната нема исплатено 16 плати на вработените.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Млади иноватори изработија мобилна апликација за помош на дијабетичари

Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ се млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес за менаџирање на оваа состојба. Инспирирани од желбата да помогнат...