fbpx

МВР известува за посебен сообраќаен режим поради протестот на ВМРО-ДПМНЕ во 19 часот

-

Министерството за внатрешни работи информира дека денеска од 19 часот е закажан протест во Скопје организиран од страна на политичка партија со релација на движење од плоштадот ВМРО, десно по улицата Даме Груев, право по улицата Васил Главинов, право по булеварот ВМРО, лево по булеварот Илинден до пред зградата на Влада.

„Од  тие причини ќе бидат превземени мерки за посебен режим на сообраќајот по сообраќајниците на централното подрачје на Град Скопје во периодот непосредно пред и за време на одржување на протестот. МВР апелира  до граѓаните  да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници“, се вели во соопштението на МВР.

 

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Норвешка донираше 76 неборбени моторни возила за Северна Македонија

Донација составена од седумдесет и шест моторни возила од Кралството Норвешка, официјално беше предадена на Армијата на Република Северна Македонија на пригодна церемонија која се одржа во касарната Илинден...