fbpx

МВР ги добило решенијата за притвор на Грујовски и на Бошковски и вечерва постапува по нив

-

Министерството за внатрешни работи ги добило решенијата од Апелацискиот суд Скопје за притвор на поранешниот началник на петтата управа во МРВ, Горан Грујовски, и на неговиот соработник Никола Бошковски и вечерва се постапува по нив, потврдија од МВР за „Мета“.

Оттаму не сакаа да кажат дали Грујовски и Бошковски биле пронајдени во нивните домови и дали биле приведени.

Врховниот суд денеска ја одби жалбата на бранителите на Грујовски и на Бошковски и ги потврди решенијата од Апелацискиот суд Скопје за притвор од 30 дена за обајцата.

Сите тројца се обвинети од СЈО во предметите „Тврдина“ и „Таргет“, кои се споија, за нелегално прислушување на илјадници граѓани преку злоупотреба на системите за следење во МВР и за физичко уништување на системите со кои се прислушувало. Грујовски е првообвинет, а Бошковски, според обвинението, е извршителот на наредбите.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Објавен прирачник за употреба на вештачка интелигенција во новинарството

Советот за етика во медиумите на Македонија (СЕММ) промовираше Прирачник за едукатори по Новинарство: Известување за Вештачка Интелигенција издаден од УНЕСКО, а објавен на македонски и на албански јазик....