fbpx

Музејот на ВМРО во Штип само со повремени посетители

-

Восочните фигури на 11 дејци на ВМРО, чија изработка чинеше околу 100.000 евра, се предмет на интерес главно на ученици и по некој турист. Музејот на дејците на ВМРО од Штип овој декември ќе наврши четири години откако е отворен за посетители. Но, редовните трошоци за работа и одржување, го прават музејот тежок за одржување за НУ Заводот и музеј, во чии рамки работи. Реновираната куќа на Андонци, која прерасна во Музеј на ВМРО освен 11-те восочни фигури има документи, фотографии, автентични предмети на револуционерите и воена опрема што ја користеле, како сведоштво на периодот од формирањето на ВМРО.

Главна атракција се восочните фигури на револуционери кои се родени во Ново Село или поминале таму дел од својот живот, како Гоце Делчев и Даме Груев. За да се влезе во музејот се плаќа влезница од 60 денари. Но, парите од ретките посетители не се доволно за одржување на музејот. Само одржувањето чини еден милион денари годишно. Има двајца постојано вработени, а само одржувањето на восочните фигури бара посебни услови.

-Посебен предизвик ни се топлите летни месеци, кога треба да одржуваме температура, бидејќи восокот се топи. Ни се случи од топлото да паднат рацете на фигурите, па моравме повторно да ги лепиме – вели директорот на Завод и музеј, Мите Штерјов.

На восочните фигури само главата и рацете им се од восок, додека останатите делови се направени од дрво. Штерјов кажа дека размислуваат да ја преземат етнолошката збирка таму, па да ги спојат постановките во рамките на една зграда. Вака, останува на иницијативноста на туристичките агенции, кои ретките тури ги спојуваат во посета на Галеријата на икони во блиската црква Света Богородица, со Музејот на ВМРО.

Овој музеј веќе неколку години е предмет на судски спор. Министерството за култура, кој е инвеститор на објектот, и’ нема платено на градежната фирма „Маклус” за дел од градежните работи. На суд се за долг од 6 милиони денари.

На отворањето во декември 2014 година, тогашниот премиер Никола Груевски рече дека со музејот „се оддолжуваме на војводите и револуционерите кои гинеле за Македонија“.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...