fbpx

Музалас: Грција повеќе не може да прима бегалци

-

Грција повеќе не може да прими ниту еден бегалец, алармира грчкиот министер за миграциски политики Јанис Музалас во интервју за германскиот неделник „Шпигел“ објавено вчера. Тој ги повика земјите-членки на ЕУ да не ја обноват Даблинската регулатива, која дозволува враќање на барателите на азил во првата земја од ЕУ во која влегле.

– Најмногу што можеме е да примиме многу мала група, како симболична потврда дека не ги отфрламе во целост Даблинските регулативи. Сега капацитетите ни се исцрпени. Од договорените 32.000 бегалци, само 10.000 се префрлени во други земји-членки. Нашата позиција е многу јасна: Не можеме да примиме ниту еден нов бегалец. Апелирам на здрав разум од Европа – вели тој.

Музалас појаснува дека Грција е веќе многу оптоварена со 60.000 бегалци што живеат на нејзината територија, бројка што, во однос на населението, може да се спореди со тоа на Германија.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...