fbpx

Муслиманите денеска го прославуваат празникот Курбан-бајрам

-

Верниците од муслиманската веросиповед денеска го слават празникот Курбан-бајрам.

Со утринската молитва сабах-намаз, а потоа и со молитвата бајрам-намаз, почнува тридневна прослава, во која почитта кон Алах муслиманите ја искажуваат со колење курбан.

Курбан-бајрам се одбележува 70 дена по првиот Бајрам во годината, Фитр-бајрам, а го означува денот кога е комплетиран светиот Куран.

Поглаварот на Исламската верска заедница во Република Македонија, реис ул улема хаџи Сулејман ефенди Реџепи, по повод Курбан-бајрам упати порака и честитка до муслиманските верници.

Честитка до муслиманските верници и до поглаварот на Исламската верска заедница упати и претседателот Ѓорге Иванов.

„Муслиманите низ светот го слават „празникот на жртвата“ како ден кога благосостојбата ѝподава рака на сиромаштијата, помагајќи и споделувајќи со семејството, пријателите и со сиромасите, нагласувајќи ги сите човечки доблести. Честитајќи Ви го празникот Вам и на сите верници од исламска вероисповед, Ви посакувам благосостојба и мир во Вашите домови и во домовите на Вашите блиски“, пишува во честитката од претседателот Иванов.

Првиот ден на Курбан-бајрам, 12 септември, е неработен ден за верниците од муслиманската вероисповед во Република Македонија.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Средношколски самит за кариерен развој в понеделник во Скопје Сити Мол

Во понеделник, на 22 април, во „Синеплекс“ во трговскиот центар Скопје Сити Мол ќе се одржи Средношколски самит за кариерен развој. Настанот ќе започне во 17 часот, а е...