fbpx

Мукоски, Василевски, Димовски, Арнаудов и Тарчуловски добија амнестија

-

Пратениците Крсто Мукоски, Сашо Василевски, Љупчо Димовски, Љубен Арнаудов и Јохан Тарчуловски се помеѓу првите обвинети што добија амнестија за крвавиот четврток на 27 април минатата година, пишуваат дел од медиумите.

Покрај петте пратеници, амнестија е одобрена и за вработените во кабинетот на поранешниот претседател на Собранието, Елена Божиновска и Иван Цветановски, како и за обвинетиот Захарије Симовски, браќата Стефан и Михаил Младеновски, Митре Питроповски и Илија Славевски.

По барањата за амнестија одлучувал кривичен совет. Други одлуки се очекуваат во текот на утрешниот ден.

Од Јавното обвинителство информираа дека пристигнале 66 барања за амнестија, од кои за 12 биле дадени позитивни мислења.

Обвинетите на кои ќе им биде одбиено барањето за амнестија имаат рок од 3 дена за жалба по издавање на решението.

Од 33 обвинети за 27 април, барање за амнестија не поднесоа само Митко Чавков, Душко Лазаров, Игор Југ, Јане Ченто и Игор Дурловски.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Во Нежилово одржана работилница на која 12 млади изработија стрипови

Во село Нежилово, од 18 до 21 април беше организирана четиридневна едукативна стрип работилница, на која 12 млади таленти од различни градови кои цртаа стрипови. Потоа, заедно со нивниот...