fbpx

Муижниекс: Унгарија може да почне да ги враќа мигрантите во Србија и во Македонија

-

Комесарот за човекови права на Советот за Европа, Нилс Муижниекс, предупреди дека враќањето на мигрантите од Австрија во Унгарија, врз основа на Даблинската спогодба, би можело да доведе до сериозно кршење на нивните човекови права, како и на тоа дека во тој случај, унгарските власти би почнале автоматски да ги депортираат во Србија, а потоа и во Македонија.

По одлуката на властите во Будимпешта од 2015 година да се прогласи Србија за „сигурна трета земја“, мигрантите кои ќе бидат вратени во Унгарија, би биле оневозможени да поднесат барање за азил во таа земја.

– Мигрантите би биле изложени на голем ризик од депортација во Србија и од понатамошно автоматско враќање во Македонија, што би било спротивно на Европската конвенција за човекови права – истакна комесарот на Советот за Европа во објавеното мислење за Европскиот суд за човекови права, по повод тужбата против Австрија поради враќањето азиланти.

Муижниекс нагласи дека таквата одлука е спротивна на ставот на Високиот комесаријат на ОН за бегалци (УНХЦР), бидејќи Србија сè уште нема развиен систем за азиланти ниту, пак, капацитет одеднаш да прими толку голем број бегалци.

Комесарот за човекови права истакна дека другите членки на ЕУ не ја сместиле Србија на листата безбедни земји за баратели на азил и дека унгарскиот Врховен суд усвоил одлука според која ќе се почитуваат препораките на УНХЦР при одлучувањето кои земји може да се сметаат за сигурни.

„Во извештајот на Комитетот на ОН против тортура од јуни минатата година, се изразува загриженост дека мигрантите вратени во Србија би можеле да бидат изложени на ризик автоматски да бидат вратени во Македонија, која се соочува со сериозни проблеми во системот за азил и со голем пораст на бројот на мигрантите што доаѓаат во оваа земја од Грција“, нагласува Муижниекс.

Комесарот наведува дека УНХЦР издал препорака земјите да се воздржат од враќање на мигрантите во Македонија сè додека не се унапреди системот за добивање азил во таа земја.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Зеленски не ја вовлече Украина во војна

Украина не е таа која сака војна, ниту, пак, украинскиот претседател Зеленски ја вовлекол земјата во војна, како што неточно тврди објавата. Русија ја нападна Украина, а таа има...