fbpx

„Мудис“ го намали кредитниот рејтинг на Италија по неуспехот на референдумот

-

Агенцијата за проценка на кредитниот рејтинг „Мудис“ ги намали изгледите за италијанскиот државен долг од стабилен на негативен статус, а како причина го наведе неуспехот на референдумот за уставни реформи во земјата, јавуваат светските медиуми.

Гласачите во Италија во неделата на референдум ги отфрлија уставните промени со кои, како што беше објаснувањето на италијанската влада, ќе се овозможеше забрзување на економските реформи кои ги бараше премиерот Матео Ренци, кој си поднесе оставка по поразот на референдумот.

Од агенцијата „Мудис“ соопштиле дека ваквиот исход од референдумот може да го забави напредокот на економските и на фискалните реформи во Италија и да ја зголеми можноста од одложување на мерките за намалување на долгот.

Тоа, навеле од „Мудис“, би можело да ја изложи Италија на „непредвидени шокови“ во амбиент на забавен економски пораст.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Пропаганда за украинските деца депортирани во Русија одекна од европратеникот Де Грааф

Наспроти изнесеното во неговиот говор, украинските деца се депортирани во Русија и Комитетот на ОН ја обвинува за злоупотреба на правата на украинските деца. Од почетокот на воената инвазија,...