fbpx

„Мудис“ го намали кредитниот рејтинг на Британија на „негативен“

-

Агенцијата за процена на кредитниот рејтинг „Мудис“ ги намали изгледите за британскиот рејтинг од „стебилен“ на „негативен“, јавува „Би-би-си“.

Од „Мудис“ предупредуваат дека Велика Британија ќе има послаб економски пораст по рефендумот на кој граѓаните гласаа за излегување од Европската Унија (ЕУ) и оти ќе следува подолг период на економска нестабилност.

Според агенцијата, резултатите од референдумот ќе имаат „негативни импликации на среднорочните проекции за пораст“.

„Негативните последици од нискиот екононски пораст ќе ги надминат фискалните заштеди на Британија, која веќе не мора да придонесува во буџетот на ЕУ“, соопштиле од „Мудис“.

Како што наведува „Би-би-си“, Велика Британија има еден од највисоките буџетски дефицити меѓу развиените земји.

Со 52 отсто наспроти 48 отсто гласови, Британците во четвртокот на референдум го поддржаа излегувањето од ЕУ, а премиерот Дејвид Камерон најави дека ќе се повлече од функцијата до октомври годинава.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Изложба „Уметници и бегалци“ во Чифте Амам

Изложбата „Уметници и бегалци“ ќе се отвори во вторник (2 aприл) во Националната галерија Чифте Амам во скопската чаршија. Делата на изложбата се инспирирани од сведоштва кои биле директно раскажани...