fbpx

Му договорија ли партиските лидери наследник на Марко Зврлевски?

-

Во иста недела, додека се очекува договор за решaвање на политичката криза, обвинението за случајот „Пуч“ влезе во судска процедура, а за она за „Поткуп“ веќе се чека оцена. Тоа може да се толкува како „политички мотивирано“ брзање овие предмети од обвинителскиот да се стават во судскиот барабан, бидејќи, со евентуланиот договор меѓу политичките лидери за излез од политичката криза, можно е Марко Зврлевски повеќе да не биде прв човек во Јавното обвинителство и на негово место да дојде друг, независен јавен обвинител, како што бара опозицијата и што, според некои сигнали, веројатно е и веќе договорено.

Ова може да се насети и од изјавата на лидерот на опозицијата, Зоран Заев, кој е обвинет и во „Пуч“ и во „Поткуп“, а кој во одговор на новинарско прашање, дали по постигнувањето договор пред јавноста ќе бидат објавени материјалите од преостанатите „бомби“ или ќе заминат во историја, рече дека тие докази ќе бидат процесуирани до „независниот нов јавен обвинител“.

„Не. Прво ќе бидат процесуирани до независниот нов јавен обвинител, собраниската комисија ќе ги отвори случаите и дебатата за сите овие случаи може да биде отворена на сите можни нивоа. Ние ја ветивме целосно „Вистината за Македонија“ и таа вистина ќе допре до граѓаните во целост“, рече Заев.

На директно прашање од „Мета“, дали во разговорите, политичките лидери веќе постигнале договор за наследник на Марко Зврлевски, портпаролот на СДСМ, Петре Шилегов, вели дека таков договор нема и дека тоа прашање има споредно значење во однос на главното, договорот за форматот на преодната влада, без Груевски во неа.

– Не влегуваме во никакви договори за другите содржини од договорот од 2 јуни додека не ја договориме преодната влада – вели Шилегов за „Мета“.

Во врска со изјавата на Заев, тој вели дека опозицискиот лидер, всушност, кажал како и на кој начин ќе бидат објавени материјалите за „Монструм“, „А1 телевизија“ и други, за кои постои голем интерес во јавноста, откако ќе биде постигнат политичкиот договор меѓу СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ, ДУИ и ДПА.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...