fbpx

МТСП: Поголеми плати за кадарот во градинките со Законот за детска заштита

-

Покачувањето на платите на вработените во градинките продолжува и во 2019 година, информираат од Министерство за труд и социјална политика (МТСП).

Од таму додаваат дека со измените на Законот за детска заштита кои што се во собраниска процедура и треба да се најдат на гласање пред пратениците е предвидено покачување на платите на кадарот во градинките.

„Со истите измени за прв пат се предвидува и кариерен развој во секторот детска заштита, со што се враќа достоинството на вработените во градинките. Зголемувањето на платите, но и започнатите реформи беше тема на денешниот состанок на министерката за труд и социјална политика Мила Царовска со директорите на градинките од цела Македонија. Процесот на јакнење на детската заштита продолжува и годинава со зголемување за 300 отсто на буџетот за капитални инвестиции во градинки. Со дополнителни 15 милиони евра од Светска банка се обезбедува простор за околу 7.000 нови деца во градинките, но истовремено работиме и на јакнење на кадрите“, се вели во соопштението.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Нови 46 нови случаи на пертусис, од нив 9 се хоспитализирани

Во периодот од 12 до 18 април, пријавени се 46 нови случаи на голема кашлица, со зголемување од 4,5 отсто споредено со претходниот седмодневен период, информира одделот за епидемиологија...