fbpx

МРТ: Ние должиме многу, ама и УЈП ни должи 34 милиони евра

-

„Македонската радио-телевизија“ (МРТ) попладнево испрати соопштение во кое ги наведе своите долгови кон различни доверители, кои изнесуваат 19,5 милиони евра, но порача и дека враќањето на долговите и нормалното работење на куќата се попречени од долгот на Управата за јавни приходи (УЈП) кон МРТ кој изнесува 34 милиони евра.

Во соопштението се вели дека од назначувањето на сегашниот менаџмент во март 2012 година, МРТ платила стари обврски, направени пред тој датум, во висина од 13,2 милиони евра.

„И покрај плаќањето на олку голема сума, поради лошиот систем на финансирање и системско нерешавање на овој проблем МРТ има сè уште голем долг кој е создаван во изминатите 25 години. Во структурата на актуелниот долг во најголем дел влегуваат Париски и Лондонски клуб на доверители, УЈП, Аеродроми на Македонија, ТСЕ, ЕЛЕМ“, стои во соопштението.

Обврската кон доверителите од Париски и од Лондонски клуб била преземена од 1998 година и таа сега изнесува 3,034 милиони евра.

Во поглед на долгот кон УЈП, кој изнесува 3,1 милиони евра, од МРТ велат дека во поголем дел станува збор за неплатен данок на добивка и ДДВ, а дел од долгот бил обврска преземена од 2006 година.

На ЕЛЕМ, МРТ му должи 7,8 милиони евра, за периодот до 31 октомври 2010 година.

Во поглед на долгот и проблемите со Европската радиодифузна унија (ЕБУ), МРТ сега должи малку повеќе од еден милион евра, но според соопштението, била одржана средба меѓу двете тела при што било решено да се укинат сите санкции за МРТ и сите услуги на ЕБУ се сега достапни на македонскиот јавен радиодифузер.

Според образложението од националната куќа, долгот во 2012 година изнесувал 3,165 милиони евра, а од 1 март 2012 година до 26 октомври годинава на Европската радиодифузна унија ѝ биле платени 6,146 милиони евра. Од моменталниот долг од милион и 27 илјади евра, 434.032 евра се доспеани обврски за откупени спортски права и тоа: ФИФА Светски фудбалски куп 2018, УЕФА Европски квалификации 2016-2018, Атлетика ИААЕФ 2017 и други настани.

„Сакаме да ја информираме јавноста дека од почеток на политичката криза досега УЈП по основа на радиодифузна такса има наплатено помалку средства од претходните години во висина повеќе од 200 милиони денари. Имено, „Македонската радио-телевизија“ по основа на радиодифузна такса има побарувања од УЈП во висина 33,947 милиони евра. Нагласуваме, доколку овие средства биле навремено наплатени од УЈП, ЈРП МРТ би било во можност да ги сервисира преземените и доспеаните тековни обврски и истовремено јавниот сервис би бил во можност да располага со средства за реализација на нови програмски содржини“, се вели во соопштението.

foom-logo-disklejmerТекстот е изработен во рамки на проектот „Опсерваторија на медиумските реформи“, што го спроведуваат Фондацијата за интернет и општество „Метаморфозис“, „Агора“ Центар за промовирање на граѓански вредности и Платформата за истражувачко новинарство и анализи (ПИНА), со финансиска поддршка на „Фондацијата Отворено општество – Македонија“.
Содржината на текстот е единствена одговорност на авторите и на ниту еден начин не може да се смета дека ги одразува гледиштата на „Фондацијата Отворено општество – Македонија“.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ЕУ воведе санкции кон Русија поради смртта на Навални

Вчера Европската Унија одговори на смртта на рускиот опозиционер Алексеј Навални со нови санкции, јавува ДПА повикувајќи се на дипломатски извори. Санкциите претходно ги најави шефицата на германската дипломатија Аналена...