fbpx

Можностите на пристаништето Драч презентирани пред македонски компании

-

Можностите што ги нуди албанското пристаниште Драч денеска беа презентирани пред македонски бизнисмени.

Презентацијата се одржа во Стопанска комора, а целта е да се понуди алтернатива на солунското пристаниште кое поради чести штрајкови и нефункционирање им создва проблеми на компаниите.

– Пристаништето во Драч географски и економски е доволно развиено и има добра положба. Имаме три значајни проекти, односно продлабочување на базенот на пристаништето, поврзување на пристаништето со железница и отворање на т.н. суво приустаниште  – изјави директорот на пристаништето во Драч, Газменд Шалси.

Пристаништето Драч е оддалечено 243 километри од Битола, а 35 километри од Тирана.

Македонските компании трпеа големи штети поради штрајкот на работниците во пристаништето во Солун. Тие се соочија со кумулирање на трошоците за лежарина на стоките и на контејнерите, како и со дополнителни давачки за пристанишни услуги при преупатување на стоката преку други пристаништа, како Волос, Пиреја и Патра.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Норвешка донираше 76 неборбени моторни возила за Северна Македонија

Донација составена од седумдесет и шест моторни возила од Кралството Норвешка, официјално беше предадена на Армијата на Република Северна Македонија на пригодна церемонија која се одржа во касарната Илинден...