fbpx

Можни се нови терористички напади во Германија, предупреди БФВ

-

Шефот на германската Федерална служба за разузнавање (БФВ), Ханс Георг Масен, денеска предупреди дека можни се нови терористички напади во Германија, имајќи го предвид зголемување на бројот на потенцијални исламистички милитанти.

– Мора да очекуваме нови напади од индивидуалци или терористички групи. Исламскиот тероризам е најголемиот предизвик со кој се соочува БФВ и ние гледаме на него како најголема закана за внатрешната безбедност на Германија – рече Масен, додавајќи дека поседуваат докази за нови потенцијални напади.

Според податоците на БФВ, минатата година во Германија биле регистрирани 24.000 исламисти, вклучувајќи и околу 9.700 салафисти на кои годинава им се придружиле нови 400 членови.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Украинската одбрана соборила 84 руски воздушни цели

Ноќеска Русија изврши уште еден масовен воздушен напад врз украински објекти за гориво и енергија, соопшти украинската одбрана. Непријателот ја нападнал Украина со 60 беспилотни летала Шахед и 39 проектили...