fbpx

„Мост“ регистрираше семејно гласање и технички проблеми со избирачкиот материјал

-

Граѓанската асоцијација „Мост“ на последната прес-конференција за денешните локални избори соопшти дека имало низа непочитувања на постапката за гласање, како и технички проблеми со материјалот.

На гласачко место во село Градец, општина Врапчиште, претседателот на избирачкиот одбор стоел зад параванот додека луѓето гласале. Забележано е семејно гласање на три гласачките места во општина Врапчиште, а набљудувачите на „Мост“ забележале вкупно 20 вакви случаи во кои биле злоупотребени 44 гласови.

Во општина Крива Паланка, гласањето било прекинато 1 час на едно гласачко место, затоа што недостигале две ливчиња во кочанот со гласачки ливчиња за избор на градоначалник. На едно гласачко место во Струмица, сериските броеви на кочанот со гласачки ливчиња не биле последователни, а истата ситуација е забележана и на гласачко место во Куманово. На гласачко место во општина Гази Баба им биле помешани печатите.

„Мост“ забележале дека продолжил поткупот пред и во просториите на основното училиште „Браќа Рамиз и Хамид“ во општина Шуто Оризари. Неовластени лица пред средното училиште Никола Карев во Струмица ги евидентирале гласачите.

Директорот на „Мост“, Дарко Алексовски, за утрешниот ден најави прес-конференција на која ќе дадат подетални податоци за текот на гласањето на денешните локални избори.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Зеленски не ја вовлече Украина во војна

Украина не е таа која сака војна, ниту, пак, украинскиот претседател Зеленски ја вовлекол земјата во војна, како што неточно тврди објавата. Русија ја нападна Украина, а таа има...