fbpx

„Мост“ регистрирала нефункционирање на УВ-ламбата на неколку избирачки места

-

Семејно гласање во општина Шуто Оризари, нефункционирање на УВ-ламбата на неколку избирачки места, како и фотографирање на избирачките ливчиња, забележале набљудувачите на граѓанската асицијација „Мост“ до 17 часот.

Во општина Шуто Оризари имало три случаи во кои членовите на избирачките одбори им помагале на лица да гласаат и им укажувале за кого да гласаат.

„На гласачкото место 0440, село Неготино, општина Врапчиште, УВ-ламбата не функционира од 13 часот. Општинската изборна комисија не била известена за ова, а гласањето не било прекинато. На гласачкото место 2960, во општина Шуто Оризари, гласањето било прекинато во период од половина час поради тоа што УВ-ламбата не функционирала. Направен бил записник, а гласањето продолжило. Прекин на гласањето имало и на гласачкото место 2949 во општина Бутел поради нефункционирање на УВ-ламбата“, велат од „Мост“.

На гласачкото место 2928, во општина Чаир, гласач го фотографирал глсачкото ливче, повикана била полиција и гласањето било на кратко прекинато. Избирачкиот одбор направил записник за случајот.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Германија добива онлајн регистар на донори на органи

Германскиот онлајн регистар на донори на органи вчера беше отворен со две години задоцнување. Министерот за здравство Карл Лаутербах оцени дека тоа придонесува за транспарентност и поголема подготвеност на...