fbpx

„Мост“ промовира нова алатка за пријавување нерегуларности за изборите

-

Граѓанската асоцијација „Мост“ креираше уште една алатка со која ќе им овозможи на граѓаните поедноставно да пријават нерегуларности за време на изборниот процес.

– Од денес е активна платформата http://neregularnosti.most.org.mk/ преку која секој граѓанин ќе може самостојно да пријави притисоци, инциденти, проблеми со избирачкиот список, говор на омраза и други прекршоци поврзани со изборниот процес – се вели во соопштението на оваа организација.

Преку оваа платформа, „Мост“ ќе ги следи и ќе ги евидентира и објавите по социјалните медиуми, на кои ќе бидат регистрирани нерегуларности, и тоа преку: #избори2016, #нерегуларности, #СеПоСписок, #фантоми.

Дополнително, доколку самите граѓани не се во можност самостојно да ги внесат овие нерегуларности преку интернет-платформата, покрај бесплатната телефонска линија 080 080 080, „Мост“ креираше и посебна електронска адреса за пријавување нерегуларности: [email protected].

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...