!Во периодот што претстои работиме на воведување систем за пристап и за претплата. За начинот на пристап и за претплатата ќе информираме дополнително. Содржините на „Мета“ до тогаш се слободни за преземање со задолжително цитирање и атрибуирање.

„Мост“: Финансиска полиција ни побара документација


       
Скопје, 6 април, 2016 - 12:31 (META) 

Граѓанската асоцијација „Мост“ во понеделникот добила најава за посета од Финансиската полиција, по што имале состанок на кој им биле побарани документи за нивното финансиско работење.

– Во понеделникот имавме состанок со Финансиската полиција на кој разговаравме со инспекторите. Коректно и прецизно ни побараа да ја подготвиме нашата документација и ни дадоа неколку дена за да ја доставиме. „Мост“ работи во согласност со законските прописи и ги почитува законите на Македонија – изјави Дарко Алексов од „Мост“.

Информацијата дека инспектори на финансиската полиција упаднале во невладина организација ја соопшти белгискиот експерт Питер Ванхауте на својот пртофил на „Твитер“, каде напиша:„Награда за владата за испраќање на финансиска полиција за да замолчи невладина која е критична за подготовките на избори“.

Во однос на шпекулациите што се појавија дека на некое лице му биле исплаќани десетици илјади евра, Алексов рече дека тие имале професионални ангажмани со домашни и странски експерти кои биле исплатени во согласност со нивните договори.

На прашањето дали од „Мост“ сметаат дека има услови за предвремени избори на 5 јуни, Алексов вели дека е добар момент ова прашање да се упати до ДИК и упати апел од таму да излезат и јасно да кажат дали постојат услови за избори.