fbpx

Москва предупреди на негативните последици од влезот на Македонија во НАТО

-

Рускиот заменик-министер за надворешни работи Александар Грушко на денешната средба со македонскиот амбасадор во Москва, Гоце Карајанов, рекол дека „плановите за влез на Македонија во НАТО може да имаат негативни последици за регионалната безбедност и билатералните односи“.

Според соопштението на руското Министерство за надворешни работи, двајцата дипломати „дискутирале за актуелните билатерални прашања, при што и двете страни изразиле подготвеност за соработка на полињата на заеднички интерес. Исто така било нагласена важноста на продолжување на работата на руско-македонската меѓувладина комисија за трговска, економска, научна и технолошка соработка.

На средбата, рускиот заменик-министер Грушко и амбасадорот Карајанов разговарале и за ситуацијата на Балканот.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Сенатот изгласа 95 милијарди за Украина и Израел, но и потенцијална забрана за ТикТок

Сенатот на САД, односно горниот дом на Конгресот, изгласа предлог-закон кој вклучува хуманитарна и воена помош за Украина, Израел, Газа и Тајван во вредност од 95 милијарди долари, но...