fbpx

Москва: Македонија на сила се турка во НАТО

-

Откако вчера Македонија и официјално доби покана за преговори за членство во НАТО, Москва оценува дека Македонија насила се турка во НАТО.

-Внесувањето на Македонија во НАТО со присила, само потврдува дека политиката на „отворени врати“ стана цел сама за себе и алатка да се стекне контрола врз геополитичка територија – вели портпаролката на руското министество за надворешни, Марија Захарова.

Премиерот Заев денеска само кратко одговори дека не ја слушнал информацијата и дека Македонија повеќе од две децении се обидува да стане земја членка на НАТО.

Македонија беше и дел од прашање до американскиот претседател Трамп на самитот на Алијансата каде го прашаа дали очекува зголемување на руското влијание врз дестабилизација на Балканот по поканата за Македонија, на што претседателот на САД не даде никаков одговор.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Украинската одбрана соборила 84 руски воздушни цели

Ноќеска Русија изврши уште еден масовен воздушен напад врз украински објекти за гориво и енергија, соопшти украинската одбрана. Непријателот ја нападнал Украина со 60 беспилотни летала Шахед и 39 проектили...