fbpx

Москва: ЕУ и НАТО сакаат да ја наметнат платформата за уништување на Македонија

-

Руското министерство за надворешни работи денеска изрази загриженост за ситуацијата во Македонија и оцени дека политичката криза во земјата дополнително се продлабочува поради надворешното мешање во внатрешните работи на земјата.

Во соопштението што преку „Твитер“ го сподели Амбасадата на Руската Федерација во Скопје, се наведува дека на Македонците со активна помош од ЕУ и од НАТО се обидува да им се наметне „албанската платформа“, создадена во кабинетот на премиерот во Тирана, во рамки на идејата за Голема Албанија, која има територијални претензии кон големи области на соседните Црна Гора, Србија, Македонија и Грција.

„Особено е вознемирувачки што во оваа измама беа вклучени и властите на еднострано прогласеното за независно Косово. Сметаме дека оваа линија е крајно опасна, која води кон уништување на македонската државност и кон дестабилизација на Балканот во целина“, стои во соопштението на руското МНР.

Во соопштението се наведува дека сакаат да потсетат дека предвремените парламентарни избори во Македонија, кои се одржаа на 11 декември лани, со помош на ЕУ и на САД, беа обележани со победа на владејачката партија предводена од Никола Груевски.

„Сега Западот му дозволува на албанското малцинство да се обиде да ја доведе на власт поразената опозиција, поставувајќи им ултиматум со потпишаните барања на Албанците, што води кон ерозија на уставниот поредок на земјата. Понатамошните десктруктивни обиди што се наметнуваат однадвор, спротивно на волјата на македонските гласачи, може само да ја влоши ситуацијата. Мора да се престане со странското мешање во внатрешните работи на Македонија, да им се дозволи на македонските граѓани да одлучат за својата иднина, во согласност со основните демократски принципи“, стои во соопштението на руското МНР.

Реакцијата на официјална Москва доаѓа еден ден откако претседателот Ѓорге Иванов изјави дека нема да го додели мандатот „на лице или партија кое во својата програма има цел да ги урне суверенитетот и унитарноста на Македонија“. Ваквата одлука наиде на остри критики од еврокомесарот за добрососедска политика и за проширување, Јоханес Хан, американскиот амбасадор во Скопје, Џес Бејли, како и од генералниот секретар на ОБСЕ, Ламберто Зениер.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Бесплатно демо за платформската игра „Бласфемос“

На Steam може да се симне бесплатно демо од играта Blasphemous. Станува збор за платформска игра за возрасни која функционира како Souls игра, а естетски наликува на старата добра...