fbpx

МОН подготвува измени на законите за основно и за средно образование

-

Министерството за образование подготвува измени на законите за основно и за средно образование заради исполнување на одредбите договорени со Спогодбата меѓу Министерството за образование и наука и СОНК, пишува „Академик“ (akademik.mk).

„Со законот за изменување и за дополнување на Законот за средното образование и со законот за изменување и за дополнување на Законот за основното образование, се врши изменување и дополнување на посочените закони во согласност со договорените одредби од Спогодбата помеѓу Министерството за образование и наука и СОНК“, велат од МОН.

Од МОН појаснуваат дека измените се во насока на регулирање на наградувањето на наставниците, нивниот напредок во кариерата и намалувањето на утврдените глоби.

„Со Законот за изменување и за дополнување на Законот за средното образование се врши изменување и дополнување на членот 70-a од Законот за средното образование, во кој се регулира наградувањето на наставниците во средните училишта и основните училишта и нивниот кариерен напредок според резултатите од екстерната проверка на знаењата на учениците, како и изменување и дополнување на одредбите во делот на кои износите на утврдените глоби значително се намалуваат“, истакнуваат од МОН.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Излезноста до 15 часот е 35,9 отсто, 7 отсто повеќе од 2019 година

До 15 часот на првиот круг на претседателските избори гласале 392.066 гласачи  од вкупно 1.092.341, односно 35,89 отсто, соопшти Државната изборна комисија (ДИК). Излезноста е повисока во споредба со процентот...