fbpx

МОН ќе испитува дали има верско организирање и дејствување во училиштата

-

Начелото на секуларност треба да се почитува во училиштата, а за расчистување на какво било сомневање околу прекршување на законските одреди од областа на образованието, Министерството за образование и наука утре ќе побара од Државниот просветен инспекторат да ги испита сите индиции за евентуално верско организирање и дејствување во училиштата, велат од МОН по реакциите во јавноста за учеството на децата во Бадниковите поворки.

Од Министерството за образование и наука велат дека од нив не била побарана, ниту пак Министерството дало согласност за преземање на било какви активности во училиштата за подготовка или организирање на учениците за учество во овие манифестации.

„Во оваа прилика укажуваме дека на граѓаните на Република Македонија им се гарантира правото на здружување и слободата на вероисповеста, односно слободно и јавно, поединечно или во заедница со други, изразување на верата, но во Законот за основното образование во членот 11 е наведено дека „во основното училиште се забранува политичко и верско организирање и дејствување“. Воедно, наставниците во спроведувањето на наставата по сите задолжителни или изборни предмети, се должни да ја следат програмата која е утврдена од страна на Министерството“, се вели во соопштението од МОН.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Бесплатно демо за платформската игра „Бласфемос“

На Steam може да се симне бесплатно демо од играта Blasphemous. Станува збор за платформска игра за возрасни која функционира како Souls игра, а естетски наликува на старата добра...