fbpx

Момчето што кршеше во Прилеп има фотографии и со Милошоски и со Јанкулоска

-

По вчерашниот инцидент, во кој 22-годишно момче од Прилеп во раните утрински часови со лопата ги искрши стаклата на општинската зграда во Прилеп, се појавија написи што го поврзуваат со Стојанче Ангелов, додавајќи му на инцидентот нагласена политичка нота.

На ваквите пишувања, со реакција до порталот „10 без 10“ (10bez10) се огласи и момчето кое стои зад вчерашниот инцидент.

Тој во писмото вели дека „со одбивност ги следи реакциите што следувале по тоа што го сторил во афект и во алкохолизирана сотојба“.

„Првин сакам да ги отфрлам сите написи што ме поврзуваат со генерал Стојанче Ангелов, како и дека зад овој инцидент стои сценарио на Заев, за насилство, дестабилизација и за внесување немир кај граѓаните преку генерал Стојнче Ангелов. Тоа што го направив е единствено момент на афект и алкохолизирана состојба, дело за кое жалам што го направив“, пишува момчето.

Прилепчанецот вели дека покрај тоа што има фотографија со Ангелов, има и со министри од актуелната влада.

„Поради тоа мислам дека селективното користење на фотографиите од мојот фејсбук-профил е тенденциозно и злонамерно, за намерно искривување на сликата за инцидентот, ставајќи го во политичка конотација. Исто така, сакам да ги отфрлам и сите обвинувања на медиумите што ме поврзуваат со други дела на насилство и со кршење на законите, кои инаку би ѝ биле претходно познати на полицијата“, вели прилепчанецот во писмото.

 

prilep vmro

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ДИК: Без проблеми тече гласањето во казнено-поправните установи

На гласачките места во 14 казнено поправни установи своето гласачко право денеска ќе можат да го остварат 2.147 гласачи. Сите гласачки места во казнено поправните установи се отворени утрово во 7...