fbpx

Молдавија ќе има втор круг претседателски избори – води прорускиот кандидат

-

Претседателските избори во Молдавија ќе одат во втор круг откако прорускиот кандидат за малку ќе однесеше победа во првиот круг, покажуваат резултатите од речиси сите изборни места, објавени рано утринава.

Според податоците, кандидатот на социјалистите, Игор Додон, кој сака поблиски односи со Москва, освои 48,26 отсто од гласовите, додека неговата проевропска ривалка, Маја Санду, доби 38,42 отсто од гласовите.

Бидејќи ниту еден кандидат не освоил повеќе од 50 отсто од гласовите, ќе се одржи и втор круг и тоа на 13 ноември. Прелиминарните резултати укажуваа дека Додон можел да победи уште во првиот круг.

На претседателските избори во Молдавија учествуваа девет кандидати. Главната борба се видеше меѓу приврзаниците за приближување кон Русија и приврзаниците на европските интеграции.

Ова е првпат по 20 години граѓаните на Молдавија на директни избори да избираат претседател.

ЕУ и САД, како и Русија, се обидуваат да остварат што поголемо влијание во таа сиромашна земјоделска земја со 3,5 милиони жители, која се наоѓа меѓу Романија и Украина.

Молдавците се револтирани поради високото ниво на корупција, но се поделени околу тоа дали да бараат поголема интеграција со ЕУ или да ги обноват односите со Москва.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Двете изборни среди училиштата ќе ги одработуваат на 18 мај и на 1 јуни

Основните училишта во текот на вчерашниот ден добиле известување од Министерството за образование и наука (МОН), дека деновите во кои ќе се одржат изборите, ќе треба да се одработат...