fbpx

Моќна антирасистичка насловна страница на „Шарли ебдо“ по изборот на Трамп

-

Францускиот сатиричен неделник „Шарли ебдо“ на најновата насловна страница пластично покажува како се чувствуваат голем дел од американските граѓани по победата на Доналд Трамп на претседателските избори.

CH

На цртежот е прикажан испотениот претседател Барак Обама со зацрвенети очи, како бега од двајца бели полицајци кои пукаат кон него.

„Обама, повторно обичен граѓанин, како сите нас“, пишува на насловната страница.

Цртежот се однесува на сè поизразениот проблем со полициската бруталност во САД и верувањето дека полицијата ги матретира граѓаните со афроамериканско потекло.

Неделникот „Шарли ебдо“, кој нема објави на „Твитер“ од минатиот јануари кога во терористички напад на редакцијата загинаа 12 вработени, излезе денеска и насловната со цртежот на Обама ја стави на профилот како главна и како подглавна фотографија.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...