fbpx

Могерини: Се вративте на патот кон ЕУ, славете, па вратете се на работа

-

Премиерот Зоран Заев денеска на прес-конференција со високата претставничка на ЕУ, Федерика Могерини, изјави дека Македонија заслужено добила чиста препорака за почеток на преговорите со ЕУ.

– За десет месеци постигнавме голем напредок во евроинтеграцискиот процес. Вреднувани се реформите во повеќе клучни области, како и политиките на пријателство и добрососедство. Го затворивме спорот со Бугарија, а на пат сме да затвориме и со Грција. ЕУ даде заслужена чиста препорака за почеток на преговорите со Европската Унија. Препораката неколку години наназад беше условена поради длабоката политичка криза и назадувањето со реформите – рече Заев.

Тој уште еднаш повтори дека Владата ќе продолжи со исполнување на реформските процеси во државата и изрази надеж дека Македонија ќе добие датум за почеток на преговорите во јуни.

Високата претставничка на ЕУ, Могеирни рече дека Македонија е вратена на патот кон ЕУ и ги повика сите инволвирани да работат заедно.

– Ја носам добрата вест дека ЕК препорача почеток на преговорите за членство. Се вративте назад на добрата патека. Може да славите и потоа да ѝ се вратите на работата. Овој резултат е заеднички на Владата и опозицијата и тие треба и следните чекори да ги продолжат заедно и да ја преземат одговорноста за тоа – рече Могерини.

Во врска со спорот со името и најавите од Грција дека не може да се постигне решение до јуни, Могерини вели дека времето што е пред Македонија треба да се искористи позитивно и храбро и дека не може да предвиди што до тогаш би се случило.

Премиерот Зоран Заев рече дека ако во мај се изнајде решение ќе има време за сѐ и додаде дека сега е добро време за да се реши спорот со Грција.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...