fbpx

Могерини: На 30 септември нема да гласате на избори туку за вашата иднина

-

Со политичко лидерство и водство, храброст и одговорност можете да одите напред, порача Федерика Могерини, високата претставничка на Европската Унија за надворешни работи и безбедносна политика и заменик-претседател на Европската комисија во скопската чаршија и додаде дека решавањето на отворените прашања и спроведување на европските вредности ја носи Македонија кон ЕУ.

Могерини истакна дека Македонија има огромни резултати кои биле незамисливи пред една и пол година, па поради тоа, отворен е патот во следниот јуни да се отворат претпристапни преговори со ЕУ.

– Мојата порака до граѓаните на вашата земја, запаметете дека на 30 септември кога ќе гласате, вие сте клучот за ЕУ. Не молчете пред вашата иднина. Не можете да ја пропуштите оваа можност. Вие сте вашата иднина. Ова не се избори, ниту нешто поврзано со политика. Мора да бидете сигурни дека на 1 октомври сте направиле избор за вашата иднина, односно сте одлучиле за иднината на вашите деца – рече Могерини.

Таа се сретна и со претседателот на државата Ѓорге Иванов кој и го повторил својот став дека ги поддржува евроатланските интеграции на Македонија, но дека „ЕУ и НАТО не смеат да бидат алиби за лош договор со кој се отвораат многу повеќе прашања, одошто се затвораат“.

Иванов, како што соопшти неговиот Кабинет, порачал дека „стратешките цели не смеат да се злоупотребуваат на сметка на националните интереси и интересите на македонскиот народ“.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ДИК: Jавен увид и промени во избирачкиот список може да се прават до вечерва на полноќ

Апелираме до граѓаните дека јавниот увид во Избирачкиот список како и промена, запишување и бришење на податоци ќе може да се направи уште денес, 18 март, до 24 часот, соопшти...