fbpx

Могерини: Иванов да ја ревидира одлуката во интерес на сите граѓани

-

Имав долги и суштински средби, а се надевам и конструктивни, а во следните денови ќе видиме колку биле конструктивни, изјави вечерва во Скопје високата претставничка за надворешна политика на Европската Унија, Федерика Могерини, по средбите со лидерите на политичките партии и со претседателот Ѓорге Иванов.

Таа изјави дека целта на посетата е да се потврди дека местото на Балканот е во ЕУ.

– Знаеме дека граѓаните сакаат во ЕУ. Изгубивме многу време, но останува на политичарите да одлучат дали сакаат да продолжат напред. Ние се залагаме за продолжување на процесот нанапред – рече Могерини.

Таа посочи дека за време на средбите било разговарано за политичката криза и за тоа како таа да се надмине.

– Очигледно дека мојата посета доаѓа во време кога земјата се наоѓа во политичка и институционална криза. Главните работи за кои разговараме беше како да се излезе од оваа криза. Не е работа на Европската Унија да каже како, но на ЕУ како пријател кој се грижи за оваа земја и за граѓаните е да индицира што нè загрижува и што претставува кршење на демократските принципи и дух – рече Могерини.

Шефицата на европската дипломатија истакна дека никаде во демократскиот свет не може на парламентарното мнозинство, кое го претставува мнозинството на граѓаните во унитарна држава, да не му се дозволи да формира влада – тоа е спротивно на демократските принципи и спротивно на евроатлантските вредности. Таа додаде дека побарала од Иванов да ја ревидира својата одлука во интерес на волјата и на интересот на сите граѓани, согласно Уставот на Македонија, кој вели дека „мандатот се дава на лидерот кој има мнозинство во парламентот“.

– Сите политички лидери имаат одговорност да ја омекнат реториката и да не дозволат ситуацијата да прерасне во меѓуетнички или геополитички конфликт. Ова е комплексна земја, во комплексен регион и не ни е потребен оган – рече Могерини, додавајќи дека Македонија не е изложена на надворешни закани, туку на внатрешни сериозни проблеми.

Таа изрази надеж дека политичките лидери ќе најдат решение, во согласност со Уставот и на одговорен начин ќе ја извлечат земјата од криза.

– Кога тоа ќе се случи, ЕУ и меѓународната задница ќе застанат на страната на Македонија и конечно ќе се направат чекори кон евроинтеграциите – рече Могерини.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Украинската одбрана соборила 84 руски воздушни цели

Ноќеска Русија изврши уште еден масовен воздушен напад врз украински објекти за гориво и енергија, соопшти украинската одбрана. Непријателот ја нападнал Украина со 60 беспилотни летала Шахед и 39 проектили...