fbpx

Могерини и Захариева оптимисти за датумот за преговори и за решение на спорот за името

-

Високата преставничка на ЕУ за надворешна и безбедносна политика, Федерика Могерини и министерката за надворешни работи на Бугарија, Екатерина Захариева, која е актуелен претседавач со Советот на ЕУ, се оптимисти дека во јуни Македонија и Албанија ќе добијат датум за почетокот на преговорите за членство во Европската Унија.

– Она што е многу важно за Стратегијата на ЕК за Западен Балкан е што дава шанса за сите држави од регионот. Се надевам дека во јуни на Советот ќе биде донесена одлука почеток на преговори со Скопје и Тирана. Сметам дека е голема веројантоста тоа да се случи. Она што го чув на вчерашната дебата меѓу колегите за Страгијата има големи шанси тоа да се случи. Државите треба да работат интензивно за да ги исполнат реформите и ние навистина би сакале тоа да се случи – рече Захариева на денешната прес-конференција по работната сесија на Неформалниот состанок на Министрите за надворешни работи од земјите – кандидати за членство во ЕУ – Гимних (Gymnich), кој оваа година се одржува во Софија, Република Бугарија.

Одговарајќи на идентично прашање, дали може да се очекува датум за преговори за некоја од земјите на Западен Балкан, Могерини изјави дека за време на бугарското претседателство „имаме можност да направиме напредок“ во однос на ова прашање.

– Покрај земјите кои веќе се во фаза на преговори, од сега па до јуни постои можност за отпочнување на преговори со други земји од регионот – рече Могерини.

Во врска со спорот за името, Захариева рече дека на состанокот не било разговарано за ова прашање, но нагласи оти е охрабрена дека е возможно во скора иднина да се најде решение.

– Се радувам што двајцата министри и во Софија ги продолжија неформалните разговори за решавање на спорот. Од искажувањето на двате страни јас сум охрабрена дека е возможно во догледна иднина да се најде решение. Дали сум оптимист? Мислам дека сум поскоро реалист, бидејќи гледам политичка волја од двете страни за изнаоѓање на решение кое ќе помогне за членството во НАТО и за иднината на Скопје во ЕУ – изјави Захариева, одговарајќи на новинарско прашање.

Високата претставничка на ЕУ, истакна дека дијалогот меѓу Скопје и Атина е доста охрабрувачки.

– Ние му посветуваме внимание и го поддржуваме, овој дијалог. Чекорите што се преземаат се многу позитивни за натамошниот развој на настаните. Потребно е политичко лидерство и храброст, но, она што мислам дека е најважно е имањето на јасна визија за тоа што е потребно за сопствените граѓаните – истакна Могерини, додавајќи дека е импресионирана од дијалогот меѓу Македонија и Грција и оти се надева дека наскоро ќе доведе до добри резултати.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ДИК: Jавен увид и промени во избирачкиот список може да се прават до вечерва на полноќ

Апелираме до граѓаните дека јавниот увид во Избирачкиот список како и промена, запишување и бришење на податоци ќе може да се направи уште денес, 18 март, до 24 часот, соопшти...