fbpx

Могерини и Хан повикаа итно да се формира нова влада која ќе ги спроведе реформите

-

Високата претставничка за надворешна политика на Европската Унија, Федерика Могерини, и еврокомесарот Јоханес Хан доцна синоќа ги поздравија спроведените предвремени парламентарни избори во Македонија, одржани на 11 декември.

„Предвремените парламентарни избори кои во неделата се одржаа во БЈР Македонија минаа на мирен и уреден начин, со добар одѕив на гласачите. Тие беа следени од мисијата на ОБСЕ / ОДИХР за набљудување на изборите, кој објави своја прелиминарна изјава попладнево. Овие вонредни парламентарни избори беа клучен елемент на Договорот од Пржино од 2015 година. Тие ѝ нудат на земјата клучна можност за обнова на демократски, конструктивен дијалог за надминување на долготрајната политичка криза и обединување зад заедничка цел на евроатланските интеграции“, порачаа Могерини и Хан во заедничката изјава.

Могерини и Хан ги повикаа политичките партии да дејствуваат на инклузивен начин, што вклучува активна парламентарна опозиција и динамично граѓанско општество.

„Очекуваме брзо формирање на новиот парламент и на новата влада и спроведување реформи за решавање на системското владеење на правото, како и на итните реформски приоритети. Владата и опозицијата треба да продолжат со целосно спроведување на претходните политички договори, што вклучува и поддршка на работата на Специјалното обвинителство“, велат Могерини и Хан и додаваат дека Европската Унија ќе продолжи да ја поддржува земјата во процесот на реформи и на нејзиниот пат кон европската интеграција.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Со предност од над 140.000 гласови, Силјановска во втор круг оди со Пендаровски

За разлика од претседателските избори во 2019, кога разликата во гласовите меѓу Стево Пендаровски и Гордана Силјановска Давкова изнесуваше околу 4.000 гласови, на денешниот прв круг од претседателските избори,...