fbpx

Могерини, Хан и Туск им честитаа на Заев и Ципрас за покажаното лидерство и одлучност

-

Високата претставничка на Европската Унија за надворешни работи и безбедносна политика и потпретседателката на Европската комисија, Федерика Могерини и еврокомесарот за соседска политика и проширување Јоханес Хан, во заедничка изјава им честитаа на премиерите на Македонија и на Грција, Зоран Заев и Алексис Ципрас за нивната одлучност и лидерство во постигнувањето договор за спорот за името и порачаа дека ова е добар ден за Европа.

Могерини и Хан порачаа дека успехот им припаѓа на лидерите на двете земји, нивните екипи но пред се на граѓаните на двете земји и на Европа.

„Заедно мораме да ја искористиме приликата што широко се отвори за да ги придружиме и консолидираме ветровите на мирот и соработката во регионот. Перспектива на ЕУ за Балканот, потврдена неодамна на софискиот самит, останува најсилната стабилизирачка сила за регионот и ние имаме интерес и одговорност да го искористиме тоа добро. Тоа беше клучен поттик за овој договор, во духот на добрососедските односи и соседската соработка. Чекаме сега Советот да ги потврди заклучоците од извештајот за напредок од 17 април и да ги отвори пристапните преговори за Македонија во јуни. Европската Унија ги охрабри и ги поддржува преговорите од самиот почеток. Сега ќе преземеме следни чекори со сите наши средства во истиот дух на дијалог за нашата заедничка европска иднина“, се вели во заедничката изјава.

Претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск на својот твитер-профил изрази благодарност до двајцата премиери, што невозможното го направиле возможно. Тој истата порака ја сподели на англики јазик, македонски и грчки.

Известувачот за Македонија во Европскиот парламент Иво Вајгл пак порача дека сега е клучно договорот да биде поддржан од широко мнозинство на политичките партии и населението од двете држави.

– Со договор за името, вратата е отворена сега за Македонија (Република Северна Македонија) да добие полноправно членство за ЕУ и НАТО. Членките на ЕУ и НАТО треба да го поздрават договорот како шанса за продолжување на процесот на проширување кон сите земји од Југоисточна Европа – вели Вајгл.

Честитки за постигнатиот договор и поддршка за Македонија да ги отпочне преговорите со ЕУ испратија и дел од партиите во европскиот парламент.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Народна банка-ММФ: Денарот е стабилен, инфлацијата под контрола

Гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска, заменик министерот за финансии, Филип Николоски и вицегувернерот Фадил Бајрами се дел македонската делегација на Пролетните средби на ММФ и Светска банка. На...