fbpx

Могерини – Џафери: Улогата на спикерот треба да биде над партиските и етничките интереси

-

Високата претставничка за надворешна политика и за безбедност на Европската Унија, Федерика Могерини, попладево се сретнала со новоизбраниот претседател на Собранието на Република Македонија, Талат Џафери, во рамките на неговата прва официјална посета на Брисел.

Могерини, како што соопштија од нејзиниот кабинет, го поздравила изборот на Талат Џафери за претседател на Собранието и истакнала дека тоа е улога која треба да биде над партиските и етничките политики, а во интерес на сите граѓани и заедници.

„Во разговорите, Могерини ја повтори острата осуда на Европска Унија на минатонеделното насилство во Собранието кон пратениците и новинарите. Таа го поздрави изборот на Талат Џафери за претседател на Собранието од страна на парламентарното мнозинство, истакнувајќи дека тоа е улога која треба да биде над партиските и етничките политики. Европската Унија е подготвена да соработува со него, со Собранието и со сите други институции за спроведување на реформските приоритети, како и за имплементацијата на Договорот од Пржино“, истакнала Могерини.

Таа нагласила дека Европската Унија очекува сите политички партии конструктивно да се вклучат во политичкиот процес, во формирањето на владата, како и во работата на новото Собрание.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Посебен сообраќаен режим в недела заради атлетска трка на Средно Водно

Во недела, со почеток во 9 часот, поради атлетска трка на 10 километри, со траса на движење од долниот паркинг на Средно Водно по регионалниот пат (Р2138) до паркингот...