fbpx

МНР: Политичарите во регионот да не се мешаат во внатрешните работи на Македонија

-

Министерството за надворешни работи денеска им порача на политичарите од регионот да се фокусираат на решавање на проблемите на своите граѓани, наместо да се мешаат во внатрешните работи на Македонија.

„Би потсетиле дека во Македонија има избрани претставници од граѓаните. Тие се единствените легитимни фактори во носењето одлуки. Би било добро македонскиот концепт на мултикултурна интеграција во општеството базирано на европски вредности, да го применуваат соседните земји. Политичарите од соседството кои упорно се обидуваат да го оттргнат вниманието од проблемите дома, со потпалување оган кај соседи, одат спротивно на европските вредности. Секако дека им е најпривлечно да се занимаваат со соседни земји, во услови кога тешко им оди со реалните потреби на граѓаните во сопствената земја. Сепак, за сите ќе биде најдобро да се посветат на реформите што им се толку многу потребни пред да мечтаат за лидерство и да креираат поделби во регионот“, велат од МНР.

Од МНР посочуваат дека какво било вмешување во внатрешните работи на Македонија е бесполезно.

„Немаме посебна намера да се впуштаме во анализи на тоа кој сè се вмешува и со каква цел. Би ги упатиле сите заинтересирани страни да ја почитуваат македонската сувереност и изразената волја на граѓаните. Тие се единствените надлежни да носат одлуки за државата. Македонија останува посветена на своите цели и принципи. Практиката ни докажа дека добри решенија за земјата мора да потекнуваат од интересите на нашите граѓани. Таквиот став е и во функција на европското интегрирање на земјата. Само суверена, ефектива и ефикасна Македонија може да придонесе во проектот што е масовно поддржан од нашите граѓани“, велат од МНР.

Реакцијата на МНР доаѓа по вчерашната изјава на албанскиот премиер Еди Рама дека Македонија треба да го смени својот став кон Албанците што живеат таму, бидејќи Албанците не се малцинство туку државотворен фактор за опстанокот на Македонија.

Претходно, за внатрешната ситуација во Македонија, како и за спорот со името со Грција, реагираше шефот на српската дипломатија Ивица Дачиќ, кој рече дека Србија не требало да ја признае Македонија под уставното име и оти ако на властите во Скопје им пречи референцата ПЈРМ, не треба да седат во ОН, ЕУ, НАТО, Советот на Европа и во ОБСЕ.

Грчкиот премиер Алексис Ципрас во вторникот ги обвини македонските власти за иредентизам и наведе дека со таков став не може да се најде решение за спорот за името.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Со предност од над 140.000 гласови, Силјановска во втор круг оди со Пендаровски

За разлика од претседателските избори во 2019, кога разликата во гласовите меѓу Стево Пендаровски и Гордана Силјановска Давкова изнесуваше околу 4.000 гласови, на денешниот прв круг од претседателските избори,...