fbpx

МНР: Не патронизираме, туку работиме на добрососедски односи со Бугарија и Грција

-

Министерството на надворешни работи на Македонија се фокусира на зајакнување на добросеседските односи со Бугари и Грција преку реални проекти, а не преку патронизирање, соопшти денеска македонското Министерство за надворешни работи, како реакција на декларацијата на Софија и Атина во која испратија индиректна порака до македонската влада да се придржува до европските принципи за владеење на правото и демократските вредности.

– Македонија има слични видувања како Грција и Бугарија околу европските принципи за владеење на правото, одржување на демократските вредности и добрососедските односи. Секако дека ја посакуваме нивната поддршка за интеграција во ЕУ и НАТО, особено во време кога и тие подеднакво се грижат за примената на овие принципи и дома и надвор во регионот, без разлика на статусот на интегрираност на државите во Европската Унија. Сепак, за нас многу поважно од членувањето е реалното зајакнување на односите со Грција и Бугарија, што подразбира посилно поврзување преку луѓе и проекти, а помалку патронизирање – велат за „Мета“ од МНР.

Владите на двете земји, по третата заедничка владина седница одржана во Софија порачаа дека
процесот за членство во ЕУ зависи од тоа колку државата се придржува до критериумите за владеење на право, демократските вредности, основните права, вклучување на граѓанското општество и почитување на добрососедството и регионалната соработка. Тие индиректно изразија загриженост за случувањата во Македонија, ја осудија употребата националистичката реторика и недемократските дела и истакнаа дека сите држави од југоисточна Европа се обврзани да го следат патот на европската интеграција со почит на вредностите и принципите на ЕУ, напуштајќи ги негативните однесувања и ставови од минатото.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Во Нежилово одржана работилница на која 12 млади изработија стрипови

Во село Нежилово, од 18 до 21 април беше организирана четиридневна едукативна стрип работилница, на која 12 млади таленти од различни градови кои цртаа стрипови. Потоа, заедно со нивниот...