This page was exported from Meta.mk [ http://meta.mk ]
Export date: Sat Aug 18 11:51:36 2018 / +0000 GMT

МНР изрази незадоволство од „неодмерената изјава“ на турската амбасадорка за „Јахја Кемал“




Министерството за надворешни работи (МНР), вчера одржало средба со претставници на Амбасадата на Турција, предводени од заменик шефот на мисијата, Мурат Сумер, на која е изразено незадоволството неодамнешната неодмерена изјава на турската амбасадорка Тулин Еркал Кара, кога ги оквалификува учениците во училиштата на „Јахја Кемал“ како потенцијални терористи.

„Од страна на претставниците на Амбасадата на Турција беше изразено жалење што оваа изјава на амбасадорката Кара дадена во контекст на свеченото отворање на училиште во Тетово, предизвикала реакции што не се во рамките на основната порака што сакала да ја пренесе, за предупредување за активностите на организацијата ФЕТО во Македонија и регионот“, велат од МНР.

Како што јави „Порталб“, на 8 мај турската амбасадорка ја промовираше Фондацијата „Мариф“ со зборовите „ајде да се бориме против оваа терористичка организација“ директно посочувајќи на приватните училишта „Јахја Кемал“.

На промоцијата таа апелираше до родителите децата да ги запишат во Фондацијата „Мариф“, „доколку не сакаат тие во иднина да бидат терористи“.Ајде да се бориме против оваа терористичка организација“, со овие зборови за Приватното гимназиско училиште„Јахја Кемал“, турската амбасадорка  во Македонија, Тулин Еркал Кара, ја промовираше Фондацијата „Мариф“ вчера во Скопје, пишува „Порталб.мк“.

Покрај тоа, таа апелираше до родителите, децата да ги запишат во Фондацијата „Мариф“, „доколку во иднина не сакаат да бидат терористи“.

- Апелирам до сите вас и до јавноста, дојдете, сите заедно, нашите деца да ги регистрираме во училиштата на Фондацијата „Мариф“. Доколку ние како родители не сакаме нашите деца во иднина да бидат терористи, треба да ги насочиме во училиштата на „Мариф“, бидејќи „Јахја Кемал“ не не претставува нас. Дојдете да се бориме против оваа терористичка оргнизација, на суштински начин, и тоа да не остане само на декларативно ниво - рече Кара.
Post date: 2018-05-16 10:10:35
Post date GMT: 2018-05-16 08:10:35
Post modified date: 2018-05-16 10:10:35
Post modified date GMT: 2018-05-16 08:10:35
Powered by [ Universal Post Manager ] plugin. HTML saving format developed by gVectors Team www.gVectors.com