fbpx

МНР и врачи протестна нота на Унгарија поради бегството на Груевски

-

Министерството за надворешни работи упати протестна нота до Унгарија откако осудениот експремиер Никола Груевски избега во Будимпешта и побара азил.

Во Министерството за надворешни работи бил повикан амбасадорот на Унгарија Ласло Дукс, на средба со државниот секретар Виктор Димовски.

„Целта на средбата беше предавање на протестна нота од македонска до унгарска страна, а по повод последните информации поврзани со бегството на Никола Груевски и неговото барање за азил во Унгарија“, велат од Министерството за надворешни работи.

Од таму информираат дека на средбата на унгарскиот амбасадор Дукс му било кажано дека Унгарија треба да постапи во духот на добрите билатерални односи, на европските вредности и принципи поврзани со владеење на правото.

„Во тој контекст веднаш и без одлагање се надеваме дека Унгарија ќе го отфрли барањето за добивање на азилантски статус на осуденикот и бегалец од правдата Никола Груевски и истиот ќе го предаде на Република Македонија, заради извршување на изречената казна затвор, како и продолжување и завршување на останатите судски постапки против него“, му рекол државниот секретар Димовски на амбасадорот Дукс.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...