fbpx

МНР чека официјална потврда за апсењето на почесниот конзул во Шпанија

-

Македонското МНР сè уште чека официјална потврда за апсењето на почесниот конзул на Македонија во Шпанија, Марио Деус, пред да одлучи кои ќе бидат следните чекори.

„Министерството за надворешни работи на Република Македонија преку Амбасадата во Мадрид побара верификација на информациите објавени во шпанските медиуми за наводно апсење на почесниот конзул на РМ во Барселона, Марио Деус, обвинет за убиство на двете малолетни деца, од Министерството за надворешни работи и од Министерството за внатрешни работи на Кралството Шпанија. По добивање на соодветни информации, ќе бидат разгледани опциите за одземање, односно задржување на неговиот статус почесен конзул на Република Македонија во Кралството Шпанија“, велат од МНР.
Шпанскиот весник „Ел Паис“ јави дека Деус викендов е уапсен во јужноафриканскиот главен град Кејп Таун, под сомневање дека си ги убил своите тригодишни близнаци. Според податоците на јужноафриканската полиција, мајката на децата ги пронашла нивните безживотни тела.

„Кога таа пристигнала во вилата во близина на Кејп Таун, тој со своето возило веднаш побегнал. Набргу е уапсен во предградие во главниот град“, соопшти портпарол на локалната полиција, додавајќи дека сè уште се истражуваат околностите на убиството на тригодишните близнаци и оти не се знае причината за смртта на децата.

Деус наскоро треба да се појави пред судот, каде се соочува со две обвиненија – за убиство и за кражба на возилото со кое бил во бегство.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Реакции по одлуката Саудиска Арабија да го предводи форумот за правата на жените на ОН

Саудиска Арабија е избрана да биде претседавач со комисијата на Обединетите Нации што ја промовира родовата еднаквост, а одлуката е критикувана од групи за човекови права поради исклучително лошото...