fbpx

Мнозинството Американци ја оправдуваат тортурата на ЦИА

-

Мнозинството граѓани на САД, односо 51 отсто од нив, го сметаат оправдано користењето тортура во текот на сослушувањето на осомничените за тероризам, додека 29 отсто не ги оправдуваат методите што ги користела Централната разузнавачка агенција(ЦИА), се наведува во извештајот што синоќа го соопшти Центарот за истражување „Пју“.

Околу 56 отсто од американските граѓани сметаат дека употребата на тортура довела до откривање на информации со кои се сперeчени терористички напади, а 28 од нив сметаат спротивно, додека 16 отсто немаат никакво мислење за ова прашање.

Вкупно 42 отсто граѓани на САД веруваат дека одлуката на Сенатот за објавување на извештајот за ЦИА е добра, додека 43 отсто не ја оправдуваат.

Сенатот на САД минатата недела објави извештај во кој се опишуваат техниките на мачење на притвореници, осомничени за тероризам, што ги спроведувала ЦИА.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...