fbpx

„Многу врева за ништо“, празник за публиката на „Охридско лето“

-

Актерите од Народниот театар од Сомбор, Србија, на фестивалот „Охридско лето“ направија вистински празник за публиката, која до последно место го исполни гледалиштето во дворот на ОУ „Свети Климент Охридски“ за претставата „Многу врева за ништо“, во режија на младата Ана Ѓорѓевиќ.

Актерот Саша Торлаковиќ спаѓа во редот на петте најдобри актерски имиња во Србија и е носител на повеќе стериини награди. Во претставата „Многу врева за ништо“ го игра ликот на Дрен.

– Шекспир не се работи премногу често на нашите сцени и кога тој ќе се стави на репертоар, тоа значи празник за режисерите и за актерите. Кога ќе почнете да го работите Шекспир, тоа е неисцрпен рудник кој ви отвора многу теми, иако е тешко да се определите која од нив ќе биде доминантна. Во нашата претстава важно место зазема, секако, машко-женскиот однос, тој компликуван однос кој трае од опстанокот на Адам и на Ева до денес, но она што мене ми беше интересно како актер е како една средина, еден естаблишмент, една елита загледана во себе не обраќа внимание каква неправда може да им направи на другите – вели Торлаковиќ.

Вечерва на програмата на фестивалот „Охридско лето“, во црквата „Света Софија“, е концертот на „Киев пијано дуо“ од Украина, со изонредните пијанисти Олександра Зајцева и Дмитро Таванец.

Покрај редовните концертни настапи, ова дуо со години наназад учествува и на некои од најпрестижните натпревари во Европа, освојуваjќи голем број награди.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Млади иноватори изработија мобилна апликација за помош на дијабетичари

Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ се млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес за менаџирање на оваа состојба. Инспирирани од желбата да помогнат...