fbpx

Младите си заминуваат од Грција

-

Грција го губи академскиот кадар. Повеќе од 100.000 млади грчки научници и академици се ислелиле од Грција во потрага по подобри академски и работни услови поради финансиската криза. Ова го покажува истражувањето на Универзитетот „Македонија“ за грчкиот весник „Катимерини“, за загрижувачките трендови во грчкото високо образование и во академскиот свет.

Дополнително загрижувачки за бегањето на млади интелектуалци од Грција во странство во потрага по подобра иднина е бројката од 30.000 грчки студенти, кои во моментов се на студии надвор од земјата, но и растечките бројки на постари научници и академици кои планираат иселување.

Според истражувањето на солунскиот универзитет, повеќе од 100.000 интелектуалци од секоја бранша, доктори, инженери, економисти, правници, сите на возраст до 40 години, веќе се имаат долгорочно збогувано со Грција. Бројката на одлеани млади интелектуалци во странство се смета дека е зголемена драстично во последните пет години поради финансиската криза и зголемената невработеност во Грција. Бројките покажуваат дека во голема мера се иселуваат млади од 25 до 44 години, најмногу, односно 50 отсто, млади до 25 години, 40 отсто од иселениците имаат од 25 до 29 години, но се отселуваат и млади на возраст од 30 до 44 години. Иселениците се со високо академско образование. Дури 73 отсто од нив се со завршено магистерско оразование, а 51 отсто со докорски студии.

Весникот забележува дека речиси и воопшто нема освежување на унивезитетскиот кадар со млади научници. Се смета застрашувачки фактот што до 2016 година ќе бидат отпуштени 1.100 академици од грчките универзитети, од вкупно 9.149 кои се вработени денес. Лошите работни услови, финансиската криза, намалувањето на персоналот и намалувањето на буџетот за високото образование се главните мотиви за и сегашните академици и истражувачи да се спакуваат и да заминат во странство. Како што посочува весникот, во 2011 година државата имала одредено буџет од 18 милиони евра за нови вработувања и за хонорари за млади академици, за истиот да се намали на 5 милиони во 2013, а за 2014-2015 има буџет само за 100 хонорарци.

– Универзитетите и грчката истражувачка задница не само што не може да внесат млада крв во своите редови, но не можат ни да го задржат искусниот кадар – вели Еви Сахини, истражувач во грчката Национална институција за истражување за „Катимерини“.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...