fbpx

Млад пар од Сирија се венча во Идомени

-

Во малиот бегалски град на македонско-грчката граница се случи и првата свадба. Иако Идомени последниве два месеци се поврзува само со трагедијата на бегалската криза, илјадниците бегалци во кампот успеваат во своето секојдневие да најдат и светли моменти.

По првите бебиња што се родија во кампот, вчера се венча двојка од Сирија.

Младиот пар, 27-годишно момче и 20-годишна девојка од Сирија, ја напуштиле родната земја со идеја да почнат заеднички живот и да се венчаат во Германија. Меѓутоа, поради затворените граници, последниве два месеци живеат во Идомени. Поради неизвесноста, одлучиле веќе да не чекаат и вчера во друштво на голем број бегалци и волонтери во кампот на границата, ја имаа својата мала прослава.

Овој чин е само уште еден показател дека за 10.000 бегалци во кампот во Идомени, нивите преполни шатори се дом во кој се одвива секојдневието. Тие се место каде децата успеват да најдат простор и да си играт, каде се развиваат пријателства, каде оние со занает, како берберите, успеваат и да заработат по некое евро.

Во Идомени, според официјалните бројки, има 10.172 бегалци, од вкупно 53.731 мигрант во цела Грција. Грчката влада најави дека се работи на уредување на нови бегалски центри во стари индустриски простори на периферијата на Солун, каде се надеваат дека следните две недели ќе префрлат околу 4.500 бегалци и со тоа ќе почнат со празнење на кампот и со релокација на луѓето на места со подобри услови за живот.

Весникот „Етнос“ пренесува дека минатиот четврток заминале 200 бегалци кон организираните центри, а според информациите од полицијата, многумина други изразиле интерес да си одат и во следните денови ќе бидат пренесени во новите привремени прифатни простори.

Целиот камп последните два дена е претворен во огромно калливо мочуриште поради поројните врнежи од дожд. И шаторите и алиштата се покиснати и се чекаат подобри денови за луѓето да се стоплат и да се исушат. Временските услови и понатаму се еден од најголемите непријатели и страв на бегалците, бидејќи времето се движи од студено, ветровито и дождливо кон неподносливо топло, поради што и грчките власти стравуваат дека може да донесе до нови болести и инфекции во кампот.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Украинската одбрана соборила 84 руски воздушни цели

Ноќеска Русија изврши уште еден масовен воздушен напад врз украински објекти за гориво и енергија, соопшти украинската одбрана. Непријателот ја нападнал Украина со 60 беспилотни летала Шахед и 39 проектили...