fbpx

Мизо: Не преговараме за плати со странските инвеститори

-

Даночно ослободување од персоналниот доход и корпоративниот данок во период од десет години и 500.000 евра за инвестиција од 15 милиони евра со вработување на најмалку 300 работници, е стандардниот пакет што го доби денеска промовираната странска инвестиција на „Техникал текстајл“ во Штип.

Според директорот на Дирекцијата за технолошко – индустриските развојни зони, Виктор Мизо, финансиските субвенции ќе следат по вработувањето на триста работници. Што точно добиваат странските инвеститори наспроти стимулациите за домашните бизнисмени, беше тема на полемика во јавноста, по интервјуто на сопственикот на фабриката за автобуси „Ван Хол“.

Филип Ван Хол во интервју за холандски весник признава дека државните субвенции и ниските плати на работната сила ја спасиле фабриката во Белгија од пропаѓање.

Виктор Мизо денеска во Штип не сакаше да го комнентира Ван Хол.

– Не ги знам точно деталите, но сето она што е понудено во Македонија е по сите правила и прописи, не само македонски, туку и европски. Од таа компонента што ја нудиме многу малку се во кеш. Во најголем дел се даночни ослободувања – вели Мизо.

Тој тврди дека при тоа државата не губи ништо, туку добива.

– Со даночни ослободувања, значи дека државата се откажува од нешто што воопшто не постоело пред компанијата да биде присутна кај нас. Така што, од таа гледна точка, тоа не претставува трошок за државата. Тоа е добивка за инвеститорот, но не е трошок за државата- изјави Мизо.

На прашањето дали во преговорите со идни странски инвеститори, државата ќе побара повисоки плати, директорот на ТИРЗ изјави дека за платите државата не може да преговара.

– Платите државата не може да ги контролира. Цената на трудот ја креира пазарот. И нормално двете страни треба да најдат сума која е задоволителна за двете страни  – и на работодавачот и на работникот. Но, ако гледате од аспект на платите во компаниите кои работат во ТИРЗ-овите, како „Техникал текстајлс“ во однос на платите во Штип,  тие плати се повисоки не само од минималната плата, туку и повисоки од просекот во таква или слична индустрија. Дури и повисоки од просекот во производствениот сектор во Македонија. На странските компании многу поважна им е продуктивноста – вели Мизо.

Инаку, во огласите за вработување на „Техникал текстајлс“ беше понудена плата од 10.000 денари.

 

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Тенденциозно и без докази се обвинува дека Украина и Западот стојат зад терористичкиот напад во Москва

Одговорноста за нападот во Москва ја презеде милитантната група Исламска држава (ИСИС). Ден по нападот, на 23 март, ИСИС објави фотографија од четворицата напаѓачи. На 24 март, пак, ИСИС...