fbpx

Мицотакис: Владата ѝ ги отстапи македонскиот јазик и националност на соседната земја

-

Алексис Ципрас на соседната земја и отстапи нешто за кое ниедна претходна влада немаше разговарано: македонската националност и македонскиот јазик, рече лидерот на Нова демократија Киријакос Мицотакис од Кукуш, каде што присуствуваше на свечената манифестација по повод 105-годишнината од ослободувањето градот.

– Ја посетувам Македонија во еден емотивно затегнат момент. По провокативното славење во Преспа, се повеќе Грци разбираат дека лошиот договор што го потпишаа господинот Ципрас и господинот Заев, веќе започна да произведува резултати. Ципрас и неговото владино мнозинство на соседната земја и отстапија нешто за кое ниедна претходна влада немаше разговарано: македонската националност и македонскиот јазик – рече Мицотакис.

Претседателот на Нова демократија уште еднаш го повтори ставот дека партијата ќе гласа против ратификацијата на договорот кога ќе стигне во грчкиот парламент.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Гранатирани инфраструктурни објекти во Запорожје и Одеса

Руски проектили погодија индустриска инфраструктура во градот Запорожје, информира Регионалната воена управа на Запорожје, пренесува Укринформ. Утрово, руската армија лансираше балистичка ракета од привремено окупираниот Крим и врз инфраструктурен...