fbpx

Мицотакис: Не можеме да прифатиме македонски јазик и етницитет

-

Шефот на грчката Нова Демократија, Кирјакос Мицотакис, вели дека за Грците Договорот од Преспа е неприфатлив поради признавањето на македонскиот јазик и етницитет, но дека, доколку помине во Парламентот, Нова Демократија ќе го прифати.

– Секогаш сме велеле дека сакаме решение, но дека тоа мора да ги почитува сензибилитетите на двете страни – вели Мицотакис, кој додава признавањето на македонскиот идентитет е искрено неприфатлив за најголемиот дел од Грците.

– Не сакам да ја платам цената на дестабилизација на мојата земја за да ги стабилизирам северните соседи. Не можеме да прифатиме македонски јазик и етницитет – вели шефот на Нова Демократија.

Мицотакис во интервјуто наведува неколку причини за овој тврд став.

– Ако признаете држава Северна Македонија, но јазик, етницитет македонски, што им велите на луѓето кои се Македонци, но се Грци? Што ќе се случи со стотиците грчки компании кои го користат терминот „македонски“? Ова е големо прашање за грчките компании, за извезувачите и со тоа не се занимава овој Договор – додава тој.

За крај Мицотакис вели дека стравува од регионални немири поради македонското малцинство во Грција и смета дека овој Договор е повик за сепаратизам кон одредени сили во тој дел од Грција.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Мерките што важеа во ковид пандемијата злоупотребени за антикампања на Филипче

Во објавата што ја рецензираме се пропушта контекстот и за глобалната пандемија, која имаше влијание врз целиот свет во поглед на економијата и бизнисот, а и неосновано се обвинува...