fbpx

Мицотакис: Грција прв пат признава македонска националност и јазик

-

Грција, по прв пат признава македонска националност и јазик за нашите северни соседи. Елементи што претставуваат корен на иредентизмот, рече лидерот на опозициската Нова демократија Киријакос Мицотакис на денешната расправа во грчкиот парламент, кусо пред да достави барање за гласање недоверба на владата на премиерот Алексис Ципрас.

Како што јави дописничката на МИА од Атина, Мицотакис упати остри обвинувања до Ципрас за содржината на договорот, особено за делот со јазикот и националноста, велејќи дека „државата добива географска одредница, не народот“.

– Можете да ми кажете, зошто со вашиот договор, жителите на Северна Македонија ќе се викаат едноставно Македонци и ќе говорат македонски? – го праша Мицотакис, Ципрас и го повтори неговиот став дека „прифаќањето македонски јазик и македонска националност се неприфатлива национална отстапка“.

Лидерот на Нова демократија го обвини Ципрас дека лаже и во однос на тоа дека новото име, Северна Македонија, Грција ќе го употребува без превод на грчки јазик, односно како што се изговара на македонски, бидејќи такво нешто нема во објавениот договор.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Бесплатно демо за платформската игра „Бласфемос“

На Steam може да се симне бесплатно демо од играта Blasphemous. Станува збор за платформска игра за возрасни која функционира како Souls игра, а естетски наликува на старата добра...