fbpx

Мицотакис го обвини Ципрас дека игра на картата на поделба

-

Лидерот на опозициската Нова демократија, Кирјакос Мицотакис, го обвини грчкиот премиер Алексис Ципрас дека повторно игра на картата поделба, бидејќи сакал да направи поделба во опозицијата, но не му успеало, а истото сакал да го стори и со народот кога ги нарекол радикални десничари оние што учествувале во протестите.

Според него, грчката влада без план и без гаранции тргнала да даде сѐ, и вели дека за тоа доволни и биле само два симболични потези, преименувањето на автопатот и аеродромот.

Мицотакис вели дека Ципрас, наместо да создаде консензус и поддршка од опозициските партии, формирајќи една заедничка линија, одбрал прашањето за името да го искористи за партиски интереси.

Според него, преговарањето на Владата уште од почеток било погрешно.

– Дури и основните прашања за иредентизмот и промената на Уставот ги ставија во агендата по соодветните барања од Нова демократија. И до овој момент сѐ уште не е разјаснето дали овие промени навистина се неопходен предуслов за да продолжи било каков разговор за името, како што ние се залагаме – вели Мицотакис.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Контраспин: Силјановска не ги седна пензионерите во ложата на „Мапет шоу“

Контекстот во кој претседателската кандидатка на ВМРО-ДПМНЕ ја кажа репликата за „Мапет Шоу“, беше сосема поинаков од оној што го претстави СДСМ. Самата реплика воопшто не се однесуваше на...