fbpx

Мицотакис бара СИРИЗА да распише предвремени избори

-

Лидерот на најголемата опозициска партија во Грција, Кирјакос Мицотакис, денеска и пред грчкиот претседател побара да се распишат предвремени избори во државата. Првиот човек на десничарската Нова демократија се сретна со Прокопис Павлопулос поради турбулентните политички случувања во државата откако Уставниот суд го прогласи за неуставен владиниот закон за медиуми, поништувајќи ја целата процедура за доделување концесии на четири медиумски куќи во државата.

– Ја повторив нашата голема загриженост не само за економијата, туку и за нарушувањето на демократските институции. Му објаснив на претседателот зошто, според нас, единственото решение за државата да излезе од оваа политички декаденција во која се наоѓа е да се распишат избори што е можно побргу – истакна Мицотакис по средбата со Павлопулос.

Според Нова демократија, одлуката на Уставниот суд е голем пораз за владата на СИРИЗА и сметаат дека премиерот Алексис Ципрас треба да се повлече и да распише предвремени избори.

Од владата, пак, одбиваат каква било идеја за предвремени избори и во моментов се фокусирани само на што побрзо составување на новото раководство на советот за радиодифузија, кој, според одлуката на Уставниот суд, ја има надлежноста за телевизиските концесии и треба одново да ја почне процедурата за нивно доделување. За да се забрза процедурата, од СИРИЗА понудија претседател да биде Виронас Полидорос, долгогодишен пратеник на Нова демократија, понуда која беше експресно одбиена од лидерството на десничарската партија.

Десничарската партија веќе подолго време бара распишување избори, а инсистирањето е интензивирано по одлуката на Уставниот суд. Нова демократија, според голем број од медиумските анкети, е во предност од околу 10 проценти пред СИРИЗА.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Тенденциозно и без докази се обвинува дека Украина и Западот стојат зад терористичкиот напад во Москва

Одговорноста за нападот во Москва ја презеде милитантната група Исламска држава (ИСИС). Ден по нападот, на 23 март, ИСИС објави фотографија од четворицата напаѓачи. На 24 март, пак, ИСИС...